Изложба на дела од Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Чифте амам

Изложба на ликовни дела од Петра Јовановска и од Јиржи Kованда, еден од најпознатите чешки концептуални уметници, вечерва во 19 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Поставката ќе ја отворат чешкиот амбасадор во Македонија, Мирослав Рамеш, и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија на Македонија.

Изложба на дела од Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Чифте амам

Универзалноста, магијата, симболизмот, алхемијата, живототворноста се само дел од широката палета идеотеки во креирањето на делата од последниот циклус на авторката Јовановска.

Кованда (1958) ќе се претстави со дел од својата документаристичка ретроспектива. Тој се појавил на чешката сцена во средината на 70-тите години, кога изведувал минималистички перформанси со ефемерни дејства, во јавна средина.