Изложба на Црвен крст за поддршка на мигрантите

Црвениот крст на Република Македонија вечерва (21 јуни) ќе ја отвори изложбата на фотографии и дела од нивните активности насочени кон поддршка на мигрантите и бегалците кои транзитираа низ земјава.

„Изложените фотографии се сведоштво за настаните кои се случија во нашето секојдневие како и чекор во подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби во време на миграции предизвикани од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот“, се наведува во нивното соопштение.

Отворањето е најавено во 19 часот.