Изложба на четворица македонски уметници во Чешка

Изложбата „Четири еднакви спротивности“ на која се претставени дела на четворица македонски уметници, синоќа (21 септември)  беше свечено отворена во галеријата „У анѓеличка” во чешкиот град Плзењ.

Градот Плзењ, кој е под заштита на УНЕСКО, од Европската комисија е избран за европски град на културата за 2015 година и е домаќин на низа културни настани во текот на овие 12 месеци.

Изложбата ќе трае до 17 октомври и на неа ќе се претстават уметниците: Петра Јовановска, Христина Зафировска, Дејан Иванов и Сергеј Дамовски.

Тие имаат изложувано во Македонија и странство, а пред чешката публика ќе се претстават со по 6-7 свои дела. Изложбата се одржува со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија.