Изложба на босанската уметница Адела Јушиќ во МКЦ

Како дел од фестивалот „Прво па женско“, утревечер во 20:00 часот во МКЦ ќе биде отворена изложба на истакнатата босанска уметница Адела Јушиќ, насловена „Ете ни жени“ („Ето нам жена“).

„Кога го посетив бункерот на Тито во Коњиц, забележав целосен недостиг на женско присуство. Единственото место каде што можеле да го замислат присуството на жените во ова сценарио на нуклеарна катастрофа е спалната соба, опремена за Тито и неговата жена, која вклучува и маса за шминкање. Друга трага на женско присуство се јавува во форма на фигура позиционирана врз инструкциите за разновидната употреба на тоалетна хартија. Таа е исприната на оригиналната тоалетна хартија која била поставена таму во 70-тите.
Делото е базирано на истражување направено во соработка со Андреја Дуганџиќ, во рамки на проектот Што ни даде нашата борба, дел од Асоцијата за Култура и Уметност ЦРВЕНА. Истражувањето, претставено како онлајн архива од документи, фотографии, книги и интервјуа за феминистичкото наследство на Антифашистичкиот фрон на жените во Југославија (АФЖ), трага по учеството на Југословенските жени во втората светска војна и нивниот значаен придонес во (повторната) изградба на Социјалистичката држава. Во 1953 Народниот фронт решава да го укине АФЖ, истата година кога Атомската војна команда (Објект АРЦ) започнува со изградба.
За жените започнува поинаква студена војна. Тие повторно се враќаат во сферата на домаќинството, да ги извршуваат своите природни улоги во приватната сфера на општеството.
“, се вели во најавата на настанот.