Изложба на био фотографии од фото конкурсот „Крилести авантури“

Во организација на Истражувачко друштво на студенти биолози „ИДСБ“, на 10 октомври ќе биде отворена изложбата на фотографии од био фото конкурсот „Крилести авантури“.

На отворениот конкурс за биофотографии оваа година првото место го освои Емил Новевски, додека на второто и третото место се најдоа Кристијан Никодиновски и Андријана Јаневска. Во рамките на конкурсот, за „Фејсбук“ победник прогласена беше и Стефанија Шутарова.

Изложба со фотографиите од десетиот биоконкурс ќе се одржи на кровот на хотелот „Опера хаус“, со почеток од 20 часот.

Од друштвото известуваат дека ќе се почитуваат сите досегашни мерки за справување со Covid-19 пандемијата, односно задолжително носење маски, одржување дистанца од два метри, редовно дезинфицирање итн.

Кристијан Никодиновски

 

Андријана Јаневска

 

Стефанија Шутарова