Изложба на Бернард Холеман во КИЦ

Во Културно информативниот центар – Скопје, во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, во вторник, 15 септември во 20 часот ќе се отвори изложба на слики од Бернард Холеман од Австрија.

Изложбата со наслов „Македонски вински пејсажи“ е во организација на Македонскиот Конзулат на Европското винско витештво, ИКОН и КИЦ – Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 30 септември.

Бернхард Холеман е извонредно динамичен сликар, со изразита кретивна енергија, за што сведочат и неговите досегашни над 130 самостојни изложби ширум светот: од Австрија до Русија, Кина, Јапонија, Турција и други земји. Ги има дваесетина и повеќе, но меѓу нив за овој сликар привилигирано место има Македонија.