Изложба на Атанас Ботев во арт-кафето „Концепт 37“

Уметникот Атанас Ботев, вечерва во арт-кафето „Концепт 37“ ќе се претстави со изложбата принтoви од циклусот „Деус секс макина“.

Атанас Ботев

Изложбата се прави во соработка со арт галеријата „Грал“ и ќе биде продажна. Ботев е роден во Скопје, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Две години подоцна тој магистрира на истиот факултет.

Во моментов работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, а зад себе има десет самостојни изложби и учества на голем број групни изложби во Македонија и странство.

Почетокот на изложбата е закажан во 20.30 часот.