Изложба на астрофотографии во Дом на АРМ

Скопското астрономско друштво на 7 декември ќе отвори изложба по повод 20 години од постоењето на Друштвото.

Насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво”, на изложбата ќе бидат презентирани најновите астрофотографии на Друштвото, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти.

Автори на фотографиите се членовите на Друштвото.

Отворањето на изложбата е на 7 декември во 20 часот во Домот на АРМ. Изложбата ќе трае до 16 декември.