Изложба на архитектонски студиа на студентите од Архитектонски факултет

Од утре започнува изложбата на проектите од студиата на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Студентите од овој факултет уште еднаш ќе го преобразат во простор за изложување на финалните резултати од изминатата година.

Со проекти од сите генерации и вкупно седум студиа, изложбата ги опфаќа следниве архитектоски теми „Павиљон во дворот на АФС, Атеље за уметник, Стара скопска чаршија, Станбен џеб на кејот на реката Вардар, Велес, Мултимендијален центар, Штип, Куќа на гемиџиите – колективно домување, Велес, Вертикален гимназиум, Прилеп, Урбана форма, Скопје.

Изложбата ќе биде отворена од 16 јуни и ќе трае се до 23 јуни. Отвoрањето ќе започне во 12 часот, почнувајќи од Големата Сала. Сите заинтересирани можат да продолжат на заедничка прошетка и отварање на секој дел посебно, со обраќања од менторите а и самите студенти.