Изложба на 242 детски ликовни творби посветени на борбата против дискриминација и насилство во спортот

Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) и Детскиот ликовен центар – Скопје (ДЛЦ) денес онлајн ќе ја отворат изложбата со 242 детски ликовни творби, инспирирани на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу младите во спортот“.

Покрај ова, ќе се одржат и 23 инфопанели на истата тема, организирани во склоп на проектот „Фер шанса за млaдите во спортот“, финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+.

„Освен изготвувањето и презентацијата на ликовни творби поврзани со девијантните појави во спортот, во рамките на проектот е направена студија за перцепцијата за овие појави меѓу учениците и наставниците во сите седум земји – учеснички, направена е анализа на досегашни истражувања и направени се препораки како да се превенираат овие негативни појави, а развиен е и Прирачник за наставници по физичко воспитување и спорт за тоа како младите да ги спречуваат и да се борат против овие состојби“, соопштија од Федерацијата.

Во овој проект учествувале и партнери од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Италија и Бугарија.

За проследување на изложбата, повеќе информации на следниот ЛИНК.