Изложба на 14 македонски уметници во Неапол

Во организација на Националната галерија на Македонија, утре во музејот на современа уметност Casoria во италијанскиот град Неапол  ќе биде отворена изложбата „Рефлексија: Бело-црно или не?!“ на која ќе излагаат 14 македонски уметници.

На изложбата ќе бидат изложени дела од: Благоја Маневски, Јован Шумковски, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Решат Амети, уметничката група ОПА (Слободанка Стевчевска и Денис Саракиновски), Жанета Вангели, Нове Франговски, Симон Шемов, Гоце Наневски, Осман Демири, Борис Шемов, Антони Мазневски и Елпида Хаџи- Василева.

Изложбата ќе ја отворат Халиде Палоши, директорка на Националната галерија на Македонија и Антони Манфреди директор на Касорија Музејот на современата уметност од Неапол. Куратор на изложбата е Ана Франговска.

Извор: Нова ТВ