Изложба „Космички пејзажи“ во Мала станица

Изложба на Дејан Иванов, со наслов „Космички пејзажи“ ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во Мала станица.

Изложбата ќе ја отворат Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија и Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Македонија.

Инаку, Дејан Иванов – Маргуш е познат како ликовен уметник кој е апстрактен и инстинктивно импулсивен.