Изложба „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“

Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата насловена „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели”.

На изложбата ќе присуствуваат Рикардо Пасони, директор на „Галерија на модерна и современа уметност“ во Торино и кураторот на изложбата Бојана Јанева Шемова.

Изложбата „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“ се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност.