Изложба – „Кое (не) добро минато е наша сегашност“

„Кое (не) добро минато е наша сегашност“ е насловена изложбата која ќе се отвори утре (17 јуни) во Мобилната /монтажна галерија сместена во Паркот на франкофонијата во Скопје.

Изложбата е составена од репринти на политички карикатури за владеењето в Њу Јорк во периодот 1867-1875 година.

Отворањето, како што е наведено во поканата за настанот,  е најавено во 12 часот.