Изложба „Импресии“ на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов

АРТЕ Галерија ја организира шеесет и првата самостојна изложба „Импресии“ на реномираниот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов, која ќе се отвори во четврток, (26 ноември), во 20:00 часот.

Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени дваесетина уметнички дела на авторот, сите изработени во техниката масло на платно, изработени изминатиов период. Комбинациите на боите се смели и модерни, максимално јасни и звучни, така што неговиот ликовен стил може да се дефинираме како еден вид на модерен класицизам во кој убаво се проткајуваат и надополнуваат чистото, естетско и сензуалното.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Член на ДЛУМ од 1984 година, добитник на повеќе награди, а има учество и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и странство. Тој е годинашен добитник на државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.