Изложба и концерт на експерименталната група „Мultumult“ во Мала Станица

Вечерва во Мала Станица со почеток во 18 часот ќе се одржи изложба и концерт посветени на Власите.

На настанот ќе биде изложена патувачката изложба „Cu Tenda – Приказни со Власи“, која претходно беше претставена во Пловдив, Бугарија.

Воедно, ќе се одржи и концерт на експерименталната група „Multimult“.

Дизајнирана како визуелен есеј, изложбата реконструира симболично и фрагментарно преку сведоштва, саморекламирање, текстови и елементи на материјалното и нематеријалното наследство, имагинарноста на влашкиот свет како дел од имагинарноста на балканските култури во постојано движење. Јавноста ќе може да види серија визуелни, звучни и архетипски предмети кои станаа икони за ароманската заедница како серија на односи во архаичниот свет.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 5 ноември.