Изложба и дебата „10 минути протест“

Во четврток (15 мај) во Мобилната монтажна галерија во Паркот на франкофонија ќе се отври изложба на протестни пароли и јавна дебата во која ќе се дискутираат можностите за зголемување на демократскиот простор и граѓански права преку уметнички проекти и иницијативи.

Изложба и дебата „10 минути протест“

Проектот е насловен „10 минути протест”, а автор е Тихомир Топузовски кој се фокусира на прашањето како преку користење форми на протест и делување во јавни простори да се дојде до политичка позиција која во извесен дел подразбира спротиставување на постоечките системи и вредности.

Во дебатата пак ќе учествуваат Искра Геошоска, Роберт Алаѓозовски, Жарко Трајаноски, Никола Гелевски и Гордан Георгиев.

Имплементацијата на проектите во Мобилна/Монтажна Галерија се поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го реализира Фондацијата Отворено општество Македонија.

Отворањето на изложбата е најавено во 19 часот.