Изложба „Фемина 8“ вечерва во КИЦ

Во организација на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија и манифестацијата „Скопско лето“, вечерва во просториите на Културно Информативниот Центар, со почеток во 21 часот ќе биде отворена изложбата „Фемина 8“.

На изложбата со свои уметнички записи ќе се претстават: Трујкановиќ, Паскали, Кировска, Вренцовска, Милованчев, Томиќ Радеска, Петрушевска и Манева – Чупоска.

Приклучувајќи се кон современите уметнички тенденции, „Фемина 8“ е насочена кон различните форми на презентација: традиционални поставки со слики, колажи, цртежи, асемблажи, инсталации, редимејд, видеа.

Преку уметничките продукции во различни форми и идентитети, од класично – традиционалните ликовни истражувања до новите медиуми и технологии, ќе биде прикажана една „Фемина“, со иманентна променливост низ различни временски периоди и контексти.