Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје беше отворена изложбата „Еко не его Арт“, која е збир на група уметници, креативци, ентузијасти, иновативни и одговорни во својата посветеност, работа на себе и на својата околина и еколошката свесност.
Во комбинација на поврзување на она што 99% од популацијата го набљудува како отпад, групата го претстава како уметност, љубов, креација, синергија, алтруизам, свесност, екологија, одржливост, порака…
„Со сите вас кои сте сакале, сте имале идеа, но не сте можеле да превземете… И ако не можете, можете барем нас да не’ подржите. Да се потсетиме, да активираме, со што директно можеме да влијаеме на свесноста за зачувување и заштита на природата, социјалната средина, како и културата на живеење во синергија со себе и со се што не опкружува“, велат организаторите од „Хуман свет“.
Изложбата е и финален настан, односно завршува како дел од еден циклус настани во рамките на проектот „Обуки за развој на бизнис мрежна уметност и општествена одговорност на поединецот во заедницата – поддржан од Град Скопје – Сектор за локален економски развој.
„Затоа, со оглед дека наша мисија е одржливост низ секој процес, со што секој од нас станува дел од заедничкиот процес за поддржување на уметниците да творат и да креираат и натаму со одржлива егзистенцијалност, со еколошкиот дизајн како главната идеа, а социјалната одговрност – мисија на секој од нас. Да се научиме да ни стане животен начин“, соопшти групата што ја организира изложбата, потенцирајќи дека донации се секогаш добродојдени за проектот да биде одржлив и по негово завршување.
Изложбата ќе заврши на 24 октомври, а учесници се Сарита Конеска, Игор Љубовчевски, Гордана Винчиќ, Андријана Андреева, Хопс, Весна Петрушевска, Ања Илиева, Жаклина Димовска, Сали Ертунч, Глигор Кузмановски, Доротеј Нешовски, Викторија Попоска, Ѓорѓи Димовски, Воислав Стојановски.
Повеќе инфо ТУКА.