#ИзлезиНадвор: Фотоконкурс на младите извидници

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ)отвори награден конкурс за најдобра фотографија на тема „Младите и природата“. На него коже да учествуваат сите заинтересирани граѓани од земјава кои ќе испратат фотографија од своите прошетки во природата.

Инспирација можете да се црпи од природните убавини на Македонија, разни извиднички или спортски активности во природа, но и други активности кои ја покажуваат љубовта на младите кон природата.

Со секоја испратена фотографија потребно е да се испратат информации за авторот (име, презиме, возраст, и контакт). Секој учесник може да испрати најмногу по две фотографии, кои досега не биле наградувани или објавувани.

Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија. Фотографиите кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да бидат дел од конкурсот. Исто така фотографии кои ќе добијат гласови преку апликации (Like-генератори на FB) ќе бидат дисквалификувани.

Краен рок за пријавување на фотографиите е 27 април, на е-поштата на СИМ, sim@scout.org.mk . По завршувањето на рокот сите фотографии ќе бидат објавени на ФБ страната на СИМ каде ќе се гласа за победникот со број „лајкови“.

Конкурсот ќе биде затворен со изложба на фотографиите и прогласување на победникот, настан кој ќе се одржи на 7 мај оваа година. Изложбата ќе биде од хуманитарен карактер, а сите фотографии ќе бидат дел од тивката аукција чија цел ќе биде собирање средства кои подоцна ќе бидат донирани за хуманитарна цел.

Сојуз на извидници на Македонија како младинска организација која се занимава со неформална едукација на деца и млади лица и е вклучена во сите аспекти на животот на младите извидници постојано организира активности од авантуристички, едукативен и забавен карактер. Фотоконкурсот е дел од кампањата на извидниците, чија цел е да ги поттикне младите кон активности во природата која е здраво и инспирирачко место за развој на младите.