Излезе вториот албум на „21 век“

На првиот ден на новата 2020 година излезе вториот албум на „21 век“, бендот кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската андерграунд сцена: Васко Атанасоски, Раде Јордановски и Дени Крстев препознаени и како дел од „Bernays Propaganda“, „FxPxOx“, „XAXAXA“, „My Tear“…

Преку проектот „21 век“ (21st Century) тие истражуваат експресивна палета на влијанија кои се движат од пост-панк до македонска традиционална музика.