Излезе првиот број на списанието за млади од општина Неготино

„Слободно изрази се!“ – е мотото под кое излезе првиот број на списание за млади од општина Неготино „Младински весник“.

Целта на издавањето на „Младинскиот весник“ е да се поттикне и развие креативноста кај младите од нашата општина да ги искажат своите мисли и чувства, предлози, сугестии и идеи, односно слободно да го изразат својот став за нешта за кои тие сметаат дека е потребно. Ова од причина што, според нив, младите во Неготино немаат доволно простор и можности да се изразат преку разни форми, а токму издавањето на едно вакво списание отвора место каде што тие ќе можат да се изразуваат во писмена форма.

Издавањето на списанието го координираше координаторот на Медиа/арт клубот на МОФ од Неготино, Емилија Андонова, додека текстовите ги подготвија Верица Тасева, Ивона Атанасова, Софија Илиевска, Никола Ручкоманов, Стефан Андонов, Вероника Николова и Кристина Николова.Графичкиот дизајн и техничката обработка се дело на  Стефан Ристовски.

Деновиве, со цел за промовирање на ова најново списание, младите на повеќе локации во градот на своите сограѓани им делеа броеви од првиот број на „Младинскиот весник“.