Изгубен грчки град стар 2500 години откриен од археолози

Археолози и истражувачи од Универзитетот во Гетеборг и Универзитетот во Борнмут открија антички град стар 2500 години во Грција.

Започнале да ги истражуваат урнатините во селото Влохос, околу 300 километри северно од Атина.

Иако некои од урнатините биле веќе познати, не биле истражувани бидејќи се сметало дека се дел од поранешна ридска населба, изјавил водичот на тимот, Робин Ронлунд.

Додал: „Колега и јас случајно дојдовме до локацијата, истражувајќи друг проект минатата година, и сфативме дека има огромен потенцијал веднаш. Фактот што никој не го истражувал ридот претходно е мистерија“.

Тимот, во кој има и истражувачи од Ефоратот за антиквитети од Кардица, откриле остатоци од кули, ѕидови и градски порти на врвот и падините на ридот.

Се надеваат дека ќе избегнат да копаат и ќе користат методи кои би им овозможиле да го остават наоѓалиштето во истата состојба во којашто го нашле.

За време на првите две недели од теренска работа во септември, откриле дел од древна керамика и монети кои датираат од околу 500 години п.н.е.

Ронлунд вели дека градот изгледа постоел од четвртиот до третиот век п.н.е, пред да биде напуштен, веројатно поради римските походи во областа.

Втор теренски проект е планиран за август наредната година.

„Многу малку е познато за древните градови во овој регион. Затоа, нашиот проект пополнува празнина во знаењето за областа и покажува дека многу останува неоткриено на грчката почва“, додава археологот.