Насилните протести против Г20 самитот во Хамбург продолжија уште една ноќ, откако толпата ја нападна полицијата, подигна барикади и кршеше продавници и возила. Најмалку 143 лица беа приведени, а повеќе од 200 полицајци повредени.
„Никогаш не сме искусиле вакво ниво на омраза и насилство“, изјави за Билд портпаролот на полицијата на Хамбург, Тито Зил.
Демонстраторите биле вооружени со Молотови коктели и железни шипки, објави полицијата.
„На крстосница во Шнаценвиртил областа во централен Хамбург, полицијата беше постојано изложена на насилни напади“, додаваат.
Протестите оштетија продавници и возила, вели полицијата, додавајќи дека околу 500 луѓе вандализираче супермаркет во петокот, во текот на протестите кои уште траат.
Околу 250 протестанти подигнале барикади во Шлумп/Шаферкампсале областа во центарот на градот, користејќи корпи за ѓубре, велосипеди и сообраќајни знаци. Неколку возила биле запалени.
Сепак, еден од протестантите вели дека полицијата го подгрева гневот на протестите.
„Полицијата ги провоцира луѓето преку упаѓање во протестите, туркајќи ги луѓето еден до друг за да почнат да паничат. Знаат дека луѓето ќе бидат повредени“, вели тој.
#NoG20 #AntiCapitalists riot across #Hamburg as #G20Summit commenced earlier in day – watch tonight’s stream: https://t.co/AdTJz5GaxP pic.twitter.com/Ch1lGaN4l0
— Unicorn Riot (@UR_Ninja) July 8, 2017
Градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц, вели: „Потресен сум од насилството кое многумина мораа да го издржат, поради нивните возила и сопственост кои беа оштетени, или што посведочија ваква бруталност врз полицајците“.
Германскиот министер за правда, Хеико Маас, ги критикува протестите на Твитер:
„Криминалците припаѓаат пред суд, а не на улиците“, твитна.
Денес, градските улици се преполни со искржено стакло и остатоци од запалените барикади. Многу згради близу до Роте Флора, поранешен театар каде во петокот се случија насилни судири, немаат прозорци.
Тротоарот е оштетен, а комуналната служба отстранува шишиња и искршено стакло од улиците.
Сопствениците на продавници во Шанценвертиел областа не брзаат да ги поправат излозите, бидејќи очекуваат уште еден марш против глобализацијата во наредните часови.
Во меѓувреме, германската полиција регрутира повеќе полицајци и очекува нов бран на насилство за денес.