Изгласани измените на законите за основно и средно образование

Пратениците на вчерашната седница со 61 пратеник „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и со 61 глас „за“, еден „против“ и 25 „воздржани“ го донесе Закоконот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, по скратена постапка.

Притоа, Во законските измени се допрецизираат одредбите за настава во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди).

Со измените се дозволува во услови на вонредни околности од ставот (9) на овој член, владата ќе може да одлучи кога ќе почне и заврши учебната година. Притоа, бројот на наставните денови во учебната година за основно образование може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови. Во измените за средно пак, стои само помалку од 100 наставни денови, според скратени наставни програми.

Со законските измени се дозволува организирање настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација. Исто така се остава отворена можноста за скратување на наставниот час.

Во измените за средно, пак стои дека ќе се воспоставува Информационен систем „Опсерваторија на вештини“ во кој се води збирка на податоци за учениците. Ова како што стои во законскиот текст, се прави за обезбедување на информации во однос на програмите кои ги нуди средното образование, како и средното образование за возрасни, за поддршка на развојот на политика преку обезбедување на соодветна аналитичка и информациска позадина на установите за средно образование, нивните програми и перформанси. Исто така треба да биде од помош на учениците во изборот на професија и соодветни училишта и високообразовни установи, со цел зголемување на можноста за нивно идно вработување, но и за усогласување на побарувачката на работна сила и програми за обука на локално и на национално ниво.