„Издигање на младите“ – изложба за модерната архитектура и урбаните промени

Во петок (09 јануари) во Отворено графичко студио – Музеј на Град Скопје со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба посветена на модерната архитекура Rise of the young ones („Издигање на младите“) на уметникот Кервин Вилијамсон.

Изложбата претставува проект од областа на визуелната уметност кој се занимава со истражување на спротиставените физички особини, естетиката, општествениот ефект на модерната архитектура, со неговиот претходник во Њујорк, Букурешт и Скопје и со она што доведува до големи урбани промени преку архитектурата.

„Секој град го гледа издигнувањето (фигуративно) на многуте нешта кои го обликуваат и стануваат преседан за понатамошни промени. Сепак, архитектурата е еден од неколкуте аспекти на градот кој се издига буквално, фигуративно, кој го менува изгледот, кој влијае на животите на многумина, како и на перцепцијата на градот како целина“, се вели во соопштението.

Како примери на поголеми урбани промени кои ќе се разгледуваат се Модернизацијата на Париз, Проектот на урбана обнова на Роберт Моузес (Robert Moses) и Проектот Скопје 2014 (Република Македонија).

Изложбата ќе вклучува дигитална фотографија, видеографија и дела од областа на дигиталната уметност, со цел да го насочат погледот на јавноста кон модерната архитектура и урбаната средина.