Избрани победничките постери на конкурсот на тема „Дарување крв, младост, хуманост“

Плакатот на Аѓелина Кичукова од Македонија, Мирослав Jанковиќ и Мохсен Хејдари од Иран се наградените на конкурсoт за идејно решение за плакат на тема „Дарување крв, младост, хуманост“ кое го објавија Црвен Крст и Плакарт – Здружението на графички дизајнери.

Доделена е и почесна награда на Таибех Хејдари од Иран.

Плакатите беа изложени по повод Светскиот ден на крводарителството, 14 јуни 2016.

Избраните постери на Анѓелина, Мирослав и Мохсен и Таибех ќе бидат користени за целите на промоција на крводарителството.

Конкурсот траеше од 1 март до 15 април. Авторите на плакатите требаше да понудат промотивен плакат за кампањата организирана од страна на Црвен крст со цел зголемување на свеста на граѓаните за значењето кое го има дарувањето крв во борбата за спасување човечки животи.