Избрани најдобрите 25 студенти кои МОН ќе ги награди со пат во Барселона

Дваесет и пет најдобри студенти во завршна година од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 20 до 23 мај ќе престојуваат во Барселона.

Трошоците за нивниот престој ќе бидат покриени од Министерството за образование и наука, а како дел од нова стимулативна мерка која важи за студентите со просек од најмалку 9.5, а кои студираат на трите првопласирани универзити на националното рангирање.

Од МОН соопштија дека за наградата аплицирале 132 студенти, од кои 25 ги исполниле условите на конкурсот. Секој од нив ја избрал Барселона за дестинација, покрај понудените Париз и Венеција, како и тоа да ) и сите тие од двата понудени периоди (мај или октомври) го избрале овој месец за наградното патување.

Од МОН најавија дека планираат оваа мерка да продолжи и идната година за најдобрите студенти.