Избрана фирма што ќе го одржува е-дневникот

Постапката за избор на компанија која ќе го одржува електронскиот дневник е завршена, односно избрана е компанијата „Сорсикс“ и потпишан е договор, информираa денеска за „Мета“ во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму потенцираат дека сите податоци кои наставниците не ги внесуваа од почетокот на учебната година, ќе треба да ги внесат затоа што тоа е законска обврска.

Оваа учебна година, електронскиот дневник не работи. Наставниците не можат да внесуваат податоци ниту оценки во него бидејќи страницата не е во функција

„Во моментов се работи на ажурирање на електронскиот дневник. Се прават и извесни промени во техничката функционалност, така што во скоро време истиот ќе биде целосно подготвен и наставниците ќе продолжат да го користат“, велат во МОН.

Електронскиот дневник беше воведен во февруари 2011 година. Овој проект имаше за цел да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите, но праксата покажа дека системот често им тренира нерви на просветниците бидејќи „паѓаше“, со што им беше овозможено да го пополнуваат навремено. Проблемите беа изразени пред крај на учебна година, кога речиси 20.000 наставници во исто време пополнуваа конечни оценки на сите ученици во е-дневникот, пишува агенцијата „Мета“.