[Избор на Радио МОФ] Најдобрите албуми во 2013 [2]

[Избор на Радио МОФ] Најдобрите албуми во 2013 [2]

И оваа година, Радио МОФ ги издвојува најдобрите музички изданија по кои ќе се паметат изминатите 365 дена. Побаравме од членовите на тимот на радиото да направат листи од пет, според нив, најдобри албуми во 2013. По првиот, еве го и вториот дел од овој избор, кој започнува со албумите кои ги издвојува Жарко Настоски:

DJ Koze – “Amygdala”

Осум години по неговото последно „целовечерно“ издание, хамбуршкиот мајстор се враќа со егзотична и донекаде носталгична музика, која сепак носи нешто ново, шармантно и неочекувано. Од амбиентални приказни („Homesick“, „Das Wort“), преку инди-експерименти („My Plans“), до траки кои може да послужат и за подиум (насловната „Amygdala“, заедно со Milosh), албумот е пример за цврсто и зрело остварување на еден талентиран и искусен продуцент.

The Maneken – “Portrait”

Необично убаво издание на младиот украински артист, обожуван во монденските кругови на поранешниот Советски Сојуз, а се уште недоволно познат на западната инди денс и нудиско публика.

Moby – “Innocents”

Снимен во станот на Moby, со гостување на цела група одлични вокалисти, овој интимен албум зрачи со присност и топлина, толку типични за зрелиот приод на Moby кон музиката. Во манир на врвен музички алхемичар, Moby уште еднаш ги претопува едноставните ритмови, волшебните аранжмани и моќните,  но емотивни гласови, во цврста и раскошна колекција на траки.

Tone Of Arc – “The Time Was Right”

Derrick Boyd, познат и како Dead Seal (продуцент, гитарист, пијанист, тапанар и вокал), заедно со неговата партнерка Zoe Presnick, се надминаа себеси годинава  и покажаа дека ова било „вистинското време“. Со звуци што критичарите ги сместија во раните денови на Ибица пред 25 години, албумот е експлозивна танцова колекција на енергична и модерна електронска музика со корени во американскиот рок и фолк.

My Favorite Robot – “Atomic Age” 

Уште едно издание на извонредната етикета No. 19 Music, , во кое брилјира канадското трио My Favorite Robot, составено од Jared Simms, James Teej и Voytek Korab. Шарени и длабоки, беспрекорно продуцирани калеидоскопски звуци, проткаени со човечност и носталгија.

[Избор на Радио МОФ] Најдобрите албуми во 2013 [2]

Еве го и изборот на пет најдобри албуми за 2013 според Петар Антевски:

Yeah Yeah Yeahs – “Mosquito”

Haim – “Days Are Gone”

Tri!!!er – !!! (Chk Chk Chk)

Woodkid – “The Golden Age”

Settle – “Disclosure”