Избор на најдобар наставник и професор кој користи отворени образовни ресурси

oer_logo_EN_2_RGBАлијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на „нај ООР наставник“ за основно образование и „нај ООР професор“ за средно образование за 2014 година. ООР значи отворени образовни ресурси, а на повикот може да се номинираат наставници и професори кои користат и создава отворени образовни ресурси во наставата.

Процесот на пријавување трае до 30 ноември 2014. Номинирањето на наставници и професори е онлајн, преку пополнување на следниот формулар.

Секој граѓанин може да предложи наставник или професор. Освен основните податоци, при номинирање на кандидатот потребно е да внесе линк до ресурсите кои во текот на наставата се креирани од наставникот или професорот.

Откако ќе бидат доставени сите номинации до наведениот рок, истите во рок од 3 дена ќе бидат објавени на веб-сајтот www.oer.mk. Гласањето ќе биде онлајн, а ќе трае до 20 декември 2014.

Наставникот и професорот што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат прогласени за „Нај ООР наставник“ и „Нај ООР професор“, а нивните ресурси ќе бидат промовирани преку фејсбук-страницата на ООР во текот на јануари и ќе добијат и учество на едуконференција за наставници во јануари 2015 година во Охрид.