Избор на најдобар млад програмер денес во Скопје

Државен натпревар за избор на најдобар млад програмер ќе се одржи денеска на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Натпреварот по информатика за учениците од основните и средните училишта во Македонија е во организација на Здружението на информатичари на Македонија.

Ќе го отвори министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, а ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.