Иванов повика на ненасилство и на лидерска средба

Претседателот Ѓорге Иванов апелираше на смиреност и на ненасилство откако демонстранти од „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, а притоа беа нападнати пратеници и новинари.

Во своето обраќање до јавноста, Иванов апелираше и на почитување на Уставот и законите на Република Македонија.

Исто така, за утре повика на лидерска средба со првите луѓе на партиите.