„Иван се враќа дома“ од 16 до 23 септември во МНТ

Московскиот театар „Мастерскаја П. Фоменко“ со фестивалот „Иван се враќа дома“ за првпат во Македонија ќе се претстави со три спектакли од режисерот Иван Поповски,  на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ).

Од 16 до 23 септември, македонската публика ќе може да ги погледне претставите „Сон на летната ноќ” од Вилијам Шекспир (2015), „Алиса зад огледалото” од Луис Керол (2010) и „Отровната туника“ од Николај Гумиљов (2002), сите во режија на Поповски.

Сцена од „Сон на летната ноќ“

Претставата „Сон на летната ноќ“ ја доби престижната награда „Златна маска“ за најдобра престава во Русија во 2015 година, додека „Алиса зад огледалото“ ја доби наградата „Златен витез“ за најдобра претстава за деца.

„Иван се враќа дома” е прв домашен фестивал на претстави од македонскиот театарски режисер Иван Поповски, кој повеќе од 25 години живее и работи во Москва. Поповски дипломира во класата на познатиот театарски режисер Пјотр Фоменко, на руската академија за театарска уметност (ГИТИС) во Москва. Тој е еден од основачите на „Мастерскаја П. Фоменко“, а има режирано и повеќе проекти во „Театарот за музика и поезија на Елена Камбурова“ во Москва.

Сцена од „Алиса зад огледалото“

Распоред на претставите:
• „Алиса зад огледалото” (возраст 7+) 16 и 17 септември, 18:00 ч.
• „Отровната туника” (возраст 16+) 19 и 20 септември, 20:00 ч./ПРЕТСТАВАТА Е РАСПРОДАДЕНА
• „Сон на летната ноќ” (возраст 12+) 22 и 23 септември, 20:00 ч.

Сцена од „Отровната туника“

Претставата „Отровната туника” која ќе се игра на 19 и 20 септември, 20:00 ч. е распродадена, а за остантите претстави има мал број на билети, а билетите за претставите може да се купат на билетарницата на МНТ и во онлајн-продажба на www.kupikartizase.com