#ИТН С02Е19 – ПОДКАСТ ЗА ИНФОРМАТИКА, ТЕХНОЛОГИЈА И НАУКА

Кратката посета на Македонија на Френк Нојригат, ко-основачот на Startup Weekend, беше навистина продуктивна. По две недели Френк ни остави еден интересен извештај за проблемите, предизвиците и решенијата како да се унапреди македонскиот стартап екосистем. „Македонија е далеку од исполнување на стартап потенцијалот кој го има, но со оглед на проблемите и предизвиците кои стојат на патот, се чини дека нема брзо решение“, вели г. Нојригат.

Во овој #ИТН подкаст го дискутираме токму овој извештај на Френк Нојригат. Во студио се уредникот на IT.mk, Виктор Дано, Викторија Николовска маркетинг менаџерката oд Haselt и секако Були.