Италијанските училишта воведуваат предмет за климатски промени

Италијанските ученици ќе почнат да изучуваат за климатската криза со која се соочува нашата планета. Учењето за климатските промени и одржливоста ќе биде задолжително за сите ученици во земјата, соопшти министерот за образование Лоренцо Фиорамонти во вторникот.

Според министерот, Италија е прва земја која ќе воведе часови за климатските промени во јавните училишта. Почнувајќи од наредната учебна година, училиштата ќе треба да воведат 33 часа во својот распоред, (околу еден час во една учебна недела) за да ги дискутираат климатските промени, пишува Ројтерс.

Лекциите за одржливост, пак, ќе се разработуваат преку неколку традиционални училишни предмети како географија, математика и физика.

„Сакам да го направам италијанскиот образовен систем првиот кој ја става околината и општеството во центарот на сѐ што се изучува во училиште“, изјави тој.

Извор: cbsnews