Италијански спелеолози ќе ја истражуваат пештерата Убавица

Италијански спелеолози и членови на Спелеолошкиот клуб „Кораб“ од Гостивар ќе ја истражуваат пештерата Убавица.

Целта е да се зајакнат вештините и управувањето на локалните актери кои во иднина ќе имаат одговорност да го заштитат, зачуваат и го мониторираат природното наследство на пештерата Убавица во селото Ѓоновица, соопштија градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и италијанскиот спелеолог Матео Дардалини. Проектниот буџетот изнесува 75.800 долари.

„Преку овој проект ќе се промовира и збогатена туристичка содржина во Општина Гостивар, преку понуда која ќе овозможи туристичка дестинација за спелеолозите, но и за други лица“, истакна Таравари.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, и се реализира од страна на Спелеолошкиот клуб „Кораби“ во партнерство со Општина Гостивар.