Италијански пијанист свиреше на клавир на сред Арктикот

Италијанскиот композитор и пијанист Лудовико Еинауди ја отсвири „Елегија за Арктик“ на пловечка платформа во близина на Свалбард во Норвешка, за да ја нагласи важноста од заштитата на Арктикот. Пијаното беше донесено од Германија, од активист на Гринпис.

Неговиот перформанс доаѓа откако пред две недели брод на Гринпис исплови од брегот во Холандија и пристигна на Антартикот. Активистите понесоа со себе снимени пораки на осум милиони луѓе од целиот свет кои ги повикуваат светските влади да не дозволат уништување на Арктикот.

Делегати од 15 европски држави треба да се состанат за да дискутираат за менаџментот на Северен Атлантик, вклучително и Антартикот. Гринпис тврди дека Шведска, Норвешка и Исланд се водат од комерцијалните интереси, занемарувајќи ги притоа заштитата на околината.