Италијански парламентарци си поделиле субвенции примарно наменети за самовработените

Ваквото откритие предизвикало бес поради петте парламентарци чии идентитети се чуваат во тајност поради законот за приватност.

Италијанската влада веќе трага по идентитетите на петте парламентарци кои наводно зеле субвенции кои биле наменети за самовработените граѓани за време на пандемијата од коронавирус.

Според весникот „Ла република“, биле поднесени 2,000 барања за субвенции од страна на регионални и локални политичари, а висината на паричните олеснувања индивидуално се движеле од 600 па до 1000 евра.

Ваквата вест предизвикала бес кај италијанската јавност, па лидерите на политичките партии се во трага на парламентарците кои се заштитени преку законот за приватност. Јавноста бара тие да се објават и да се донесе нивна оставка.

Се смета дека три од парламентарците се дел од десничарската партија „Лига“, а еден од нив дека е член на „Движењето пет ѕвезди“, партија која е во коалиција со Демократската партија на власт, а преостанатиот парламентарец да е член на „Италија Вива“, новоформираната партија на поранешниот премиер Матео Рензи.

Скандалот е популарен кај илјадниците граѓани кои се уште не ја добиле исплатата која им беше ветена од страна на Владата.

Анита Пировани, милански советник и член на левичарската и еколошка партија „Слобода“, признала дека ги добила побараните бенефити.

„Јас сум психолог, јас плаќам хипотека, пазарувам, ја одгледувам ќерка ми, а во некои прилики сакам да прошетам и да одам на одмор. Нема да можам да се издржувам како живеам само од платата како политичар“, истакнала таа.

Луиџи Ди Мајо, министерот за надворешни работи истакнал дека петте пратеници, кои земаат месечна плата од 13,000 евра, треба јавно да го признаат своето дело.

„Италијанците имаат право да знаат кој ја предал нивната доверба. Овие луѓе повеќе не го имаат правото да држат свој кабинет. Тие делувале против државата во најтешкиот период. Тие го уништија името на Италија ширум светот. Тие не можат да ја избегнат одговорноста и мораат да бидат осудени“, пишал на „Фејсбук“ Ди Мајо.

Роберто Фико, член на партијата „Движењето пет ѕвезди“, ги повикал парламентарците да ги вратат парите.

„Како граѓански претставници, ние треба да имаме чувство за етика и легална одговорност“, додал тој.

Матео Салвини, лидерот на партијата истакнал дека барањето на субвенции од страна на парламентарците е срамно.

„Самиот акт на барање на 600 евра наменети за граѓаните во неповолна ситуација од страна на парламентарците е срамно, дополнително обвинувајќи ги пропустливите услови за субвенции составени од страна на владата.

Никола Зингарети, лидерот на италијанската партија ги опишал парламентарците како „срамни“, додека Тереса Беланова, министерката за земјоделство и членка на партијата „Италија Вива“ повикала на нивна оставка без разлика на тоа „кои и од чија партија се тие“.

Извор: Guardian