Италија става приоритет за вакцинирање тинејџери пред самиот почеток на учебната година

Италијанската влада ги повика регионите да дадат приоритет на вакцинација во обид на имунизирање на младите на возраст од 12 години, па се до 18 години, пред почетокот на училишната година и спортските активности низ целата земја.

Специјалниот комесар за КОВИД-19 на италијанската влада, Франческо Паоло Фиглиуоло, во своето обраќање преку писмена форма побара од регионалните гувернери да овозможат вакцинација на тинејџери без закажување.

„За да се забрза вакцинацијата кај оние на возраст од 12 до 18 години, треба да им се даде приоритет, иако претходно не се регистрирани или најавени“, напиша Фиглиуоло, додавајќи дека новата мерка треба да стапи на сила на 16 август, пренесува Ројтерс.

Околу 40 проценти од Италијанците, кои се помлади од 19 години се вакцинирани со најмалку една доза, или во просек  23 проценти целосно вакцинирани, според најновите владини податоци.

Само вакцините на Фајзер и Модерна се одобрени за оваа младинска група во Италија.

Италијанскиот премиер Марио Драги минатата недела изјави дека во септември училиштата ќе започнат со настава во самите училници и донесено е одлука со која наставниците и професорите мора да имаат сертификат за имунитет на вирусот.

Во Италија до 11 август со една доза се вакцинирани околу 66 проценти од населението, а 56 проценти се целосно вакцинирани со втора доза.