Италија ќе ги казнува туристите кои „си резервираат“ место на плажите

Туристите во Италија кои ги оставаат своите сламарници и чадори на плажата преку ноќ, за да ги „резервираат“ најубавите места крај морето за наредното утро, ќе се соочат со парична казна голема до 200 евра. Со „операцијата Безбедно море“, Италија ќе пишува казни за сите кои ќе си го „одбележат“ местото оставајќи пешкир на јавна плажа.

Властите велат дека ваквото однесување е многу често меѓу туристите и не е фер кон оние кои ги следат правилата.

Во саботата, крајбрежната стража на Ливорно конфискувала 37 столчиња на расклопување, 30 чадори, пешкири и костими за капење, според италијанскиот весник La Repubblica.

Градот Сесина во Тоскана изгласа дека е илегално да се остава било каква опрема за плажа без надзор, пред 8:30 часот, кога се отвора за пливачи.

Ова не е прв пат италијанските власти да преземат акција. Пред неколку години, крајбрежната стража во комплекс во Лигуриа казни шест туристи по 1000 евра, откако послале 10 пешкири пред шест часот наутро, за да си резервираат место на плажата. Сите од казнетите туристи имале повеќе од 60 години.