Истржувачки центар работи на 3Д автомати за печатење здрава храна

Оброците и „грицките“ направени со 3Д печатачи наскоро би можеле да станат дел од секојдневието благодарение на автоматите за купување храна.

Финскиот технички истражувачки центар VTT ќе инвестира во развој на високо-технолошки автомати за храна која ќе се обезбедува со 3Д печатење,“ стои на веб-страницата на компанијата.

Оттаму се надеваат дека може да се развијат производи кои ќе зависат од вкусот на клиентите.

На веб страницата се вели: „3Д технологијата за печатење ќе овозможи производство, слој по слој, на различни структури, од крцкави до меки гелови кои произведуваат специфичен вкус во устата.”

Од Mashable појаснуваат дека не успеале да добијат коментар за проектот од компанија.

„Оваа опрема може да се развива за домашни 3Д печатачи на храна, како и за автомати за продажба”, пишува Несли Солзер, главен научник на VTT. Во истражувачкиот центар досега се експериментирало со материјали на база на целулоза(растителни продукти), но и со печатење концентрати на белковини од овес, грав и млечни производи (протеин од сурутка).

„Здравите оброци со цврста текстура бележат зголемување на побарувачката кај потрошувачите“, додаваат од центарот.