Истражуванка во природа со „Кален“

„Кален“ во сабота (8 септември) поканува на возбудлива прошетка по ливадите и шумичките во село Љубанци.

„Ќе набљудуваме низ игри за активно слушање, препознавање, препуштање… Покрај рекичка, на сонце, на трева, на дрво, насекаде ќе се дружиме и ќе создаваме пријателства со околината. Оваа прошетка ја наменуваме главно за дечиња од предучилишна возраст од 3 до 6 години, но сите се добредојдени“, велат од „Кален“.

Од таму апелираат до заинтересираните да си понесат удобна облека, ужинка и вода.

„Ќе се чекаме кај рибниот ресторант ‘Квин’, после селото (има ознаки до таму низ селото). Автобус број 47 ве носи до селото на 15 минути оддалеченост. Ве молиме најавете ни го вашето присуство со приватна порака. Котизација: донација по желба“, соопштува „Кален“.