Истражување за родова еднаквост – две третини од неписмените лица во светот се жени

Првата интернационална анкета за разлики меѓу половите, спроведена од YouGov, откри зачудувачки разлики за тоа како во земјите низ светот се гледа на родовата еднаквост.

Генералниот заклучок на извештајот е дека „во светот како целина, жените се репресирана група“ и „создавањето на повеќе можности за жените би требало да биде една од најголемите грижи на светот“. Жените заработуваат 33 посто помалку од мажите и претежно работат на работни места со лоши услови. Околу 700 милиони жени се жртви на физичка и/или сексуална злоупотреба секоја година, неретко и во блиските врски. Мажите се сопственици и управители на малку под 70 посто од сите фирми, додека жените се членови на само 19 посто од управните бордови глобално. Дури две третини од 774 неписмени возрасни лица во светот се жени.

Жените во Британија мислат дека главна улога на жената е да „се грижи за својот сопруг“, откива новата студија.

За истражувањето биле анкетирани 42000 луѓе од 24 земји, во однос на нивниот став за полова еднаквост.

Во Европа, седум до 18 посто од анкетираните се согласиле дека „грижата за сопругот е основна задача на една жена“, додека во Индонезија и Малезија по ова прашање се согласиле повеќе од две третини од испитаниците.

Обединетото Кралство е единствена земја каде повеќе жени (17 посто) место мажи (16 посто) се согласиле со тврдењето. Заедно со САД, жените во Британија сметаат и дека „местото на жената е дома, а не на работа“, повеќе од мажите (десет посто од жените, споредено со осум посто од мажите).

Седумдесет и еден посто од Британците сметаат дека „мажите треба да поминат повеќе време вршејќи домаќинска работа“, во споредба со 78 посто од испитаниците во Блискиот исток северноафриканските земји (18-те нации познати како MENA).

Анкетата открила огромна разлика во перцепцијата на различните земји во светот кога станува збор за родовата еднаквост. Во Данска, 85 посто од анкетирани се согласиле дека мажите и жените се подеднакво интелигентни. Во земјите членки на MENA тој број изнесува само 48 посто.

Скандинавските земји имаат најпозитивен став за родовата еднаквост, особено Шведска, Данска и Финска.

Во однос на еднаквоста на жените и мажите, на листата направена од Светскиот економски форум, Македонија се наоѓа на 70-тото место од вкупно 142 земји.