Истражување: Побарувачката за биткоини ќе го зголеми глобалното затоплување за 2 степени Целзиусови

„Копањето“ на биткоин ќе го зголеми глобалното затоплување за 2 степени Целзиусови за две децении, покажува нова анализа.

Криптовалутите се појавија во изминатите години како нов начин на онлајн плаќање, но експертите се загрижени за влијанието врз животната средина.

Побарувачката на овие валути влијае врз енергетскиот систем, зголемувајќи ги емисиите на јаглерод, кои пак, го зголемуваат глобалното затоплување.

Во нова студија која го истражува целиот процес на создавање биткоини, истражувачите од Универзитетот на Хаваи во Маноа испитуваа како проектираниот раст на оваа криптовалута ќе наштети на климата.

За споредба, научниците ги согледале податоците за одржување на 40 различни технологии, од машини за миење садови и е-книги до електрична енергија и интернет.

Тимот откри дека кумулативните емисии од биткоинот би биле доволни за да го зголемат глобалното затоплување за 2 степени Целзиусови во наредните 22 години.

Биткоините се создаваат со процес наречен „копање“ кој е прилично тежок за одржување, со тешки хардверски барања, оставајќи сериозни емисии на јаглерод.

Научниците ја анализирале енергетската ефикасност на компјутерите што се користат во биткоинското копање, локацијата на „копачите“ ширум светот и емисијата на јаглерод диоксид од електрична енергија во тие земји.

„Во моментов, емисиите од транспортот, домувањето и храната се сметаат за главни придонесувачи за тековните климатски промени”, рече Кејти Таладеј, магистер и коавтор на трудот, кој беше објавен во „Nature Climate Change“.

„Ова истражување покажува дека биткоинот треба да се додаде на оваа листа.”

Авторите на извештајот предупредија дека за да се избегне најлошото влијанија на климатските промени, како што се истребување  на коралниот гребен и исчезнување на арктичкиот мраз, затоплувањето мора да се ограничи на 1.5 степени Целзиусови.

Иако биткоинот забрзано расте изминатава деценија откако беше воведен, растот стагнира во последните 10 месеци, што укажува дека стравувањата во врска со влијанијата од климатските можеби се прерани.