Истражување на Ericsson: Смартфоните ќе изумрат во наредните пет години

Според ново истражување спроведена на 100000 испитаници, мобилната технологија се очекува да биде заменета со вештачка интелигенција.

Многу корисници веруваат дека смартфоните нема повеќе да постојат за пет години, според ново истражување нарачано од шведската компанија Ericsson.

Од одделот на компанијата наменет за истражувања за потрошувачите, ConsumerLab, прашалe 100000 корисници на смартфони во Шведска и 39 други земји, барајќи од нив мислење за потребата од технологија во иднина.

Половина од испитаните рекле дека мислат дека мобилната технологија ќе биде минато до 2021 година. Сметаат и дека развојот на вештачката интелигенција ќе ги надмине многуте функции кои веќе ги има.

Rebecka Cedering Ångström од Ericsson ConsumerLab вели вели дека да се има смартфон во раката не е многу практично:

„На пример, кога некој вози автомобил или готви. Има и многу ситуации во кои екраните не се добри. Затоа, еден од двајца испитаници смета дека смартфоните ќе бидат нешто што припаѓа во минатото“.

Таа предвидува и дека технологијата во развој ќе им овозможи на корисниците да го зголемат слободното време.

„Замислете да гледате фудбал и да можете да одбирате од каде сакате да го гледате натпреварот, да гледате од различни места на трибините, можеби дури и од теренот. И купувањето е ваква област, каде би можеле виртуелно да пробувате чевли и да видите како би стоеле на вашите стапала“.

Новиот извештај на Ericsson ConsumerLab, 10 популарни потрошувачки трендови за 2016, тврди дека ги претставува гледиштата на 1,1 милијарда луѓе од 24 земји, пишува Telegraph.

Michael Björn, директор на истражувања на ConsumerLab, вели дека некои од овие трендови изгледаат футуристички, но „интересите на потрошувачите во иновациите како вештачка интелигенција и виртуелна реалност, како и вградување на интернет мрежи во ѕидовите на куќите и во човечките тела се многу големи“.

„Тоа значи дека наскоро ќе гледаме нови категории на производи на пазарот, како и трансформација на цели индустрии за да се прилагодат на овој развој“, смета тој.