Истражување: можна поврзаност помеѓу аутизмот и загадувањето на воздухот

Ново истражување на Универзитетот во Питсбург укажува дека изложеноста на загадени честички на воздух за време на бременост и во текот на првите две години од детството, може да биде поврзано со развој на аутизам.

Истражувачите ја набљудувале состојбата на семејства кои живеат во југозападниот дел на Пенсилванија, во што биле вклучени и деца со и без аутизам. Истражувачкиот тим имал можност да ја процени изложеноста на поединец на одредени категории на загадување на воздухот врз основа на тоа каде мајките живееле пред, за време и по бременоста.

„Има се поголеми и порелевантни докази кои укажуваат на поврзаноста помеѓу слабиот квалитет на воздухот и здравствените проблеми во Питсбург, особено оние што се однесуваат на нашите деца, вклучувајќи ги и прашањата за аутизам и астма“, изјави Грант Олифант, претседател на фондацијата „Хајнц“ која го финансираше овој проект.

Сепак, членовите вклучени во истражувањето потенцираат дека нивните откритија укажуваат на можна поврзаност, но тоа се уште не е целосно докажано.