[Истражување] Десет земји се домаќини на половина од бегалците во светот

Десет држави, кои сочинуваат само 2,5 посто од глобалната економија, се домаќини на повеќе од половина од светските бегалци, објави Амнести Интернешанал.

Во извештајот објавен денес, Амнести вели дека нееднаквата поделба на бегалци меѓу државите само ја влошува бегалската криза.

Групата за заштита на човековите права со седиште во Лондон вели дека 56 проценти од вкупно 21 милион бегалци во светот се наоѓаат во само 10 држави, од кои сите се во Блискиот исток, Африка и јужна Азија.

Јордан, кој има примено повеќе од 2,7 милиони луѓе, е прв на листата. По него се Турција, со повеќе од 2,5 милиони, па Пакистан со 1,6 милиони и Либан, кој има повеќе од 1,5 бегалци во своите граници.

Другите топ шест држави се Иран, Етиопија, Кенија, Уганда, Конго и Чад.

„Мал број на држави се оставени да прават многу повеќе, само затоа што се соседи со земјите најпогодени од кризата“, вели Салил Шети, генерален секретар на Амнести.

„Оваа ситуација е неодржлива и ги експонира милионите кои побегнале од војна или обвинение од држави како Сирија, Јужен Судан, Авганистан и Ирак, на нетолерирачка мизерија и страдање“.

Амнести вели дека многу од најбогатите држави во светот „се домаќини на малку луѓе и не прават ништо“, што покажува огромен контраст во бројот на бегалци примени од државите близу до кризните подрачја, и од побогатите држави со сличен број на население на било кое друго место.

Велика Британија, на пример, примила 8000 Сиријци од 2011 година, додека Јордан, со население речиси 10 пати помало од британското и само 1,3 проценти од нивниот ГДП, има повеќе од 655000 бегалци од своето соседство разорано од војната.

„Едноставно не станува збор за проблем кој ќе се реши со испраќање на пари за помош. Богатите земји не можат да платат да ги чуваат бегалците подалеку од нив“, велат од Амнести.

Тие предлагаат решение, со кое најбогатите држави на светот ќе најдат дом за 10 проценти од светските бегалци секоја година. Како исклучок ја наведуваат Канада, која смести повеќе од 30000 бегалци од Сирија само во минатата година, со што „си ја завршува својата улога како богата земја“.

„Време е лидерите да влезат во сериозна и конструктивна дебата за тоа како нашите општества ќе им помогнат на луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради војната“, вели Шети.

„Мора да објаснат зошто светот може да спасува меѓународни банки, да развива нови технологии и да води војни, но не може да најде безбеден дом за 21 милион бегалци, кои се само 0,3 проценти од светската популација“, додава.