Истражување: Американците трошат 1,3 години барајќи нешто да гледаат на ТВ

Во ера кога луѓето имаат повеќе опции за гледање од кога било, безбројните програми ги оставаат корисниците парализирани кога треба да изберат една. Според истражување кое го спроведе Ериксон Консумер Лаб, Американците во просек трошат 23 минути во денот за да најдат нешто да гледаат. Тоа се 474 денови во текот на животот.

Претплатниците на кабловска телевизија имаат дури поголеми проблеми, односно 44 отсто рекле дека се обидуваат да најдат нешто на ТВ и не успеале.

Бројките се интересни, бидејќи тие покажуваат дека времето за да се најде шоу за гледање на популарните канали трае подолго. Просечниот корисник на опцијата „видео на барање“ е малку подобар, односно му треба 34 отсто од времето. Сепак, корисниците првично бараат содржина, наместо да ги прегледуваат каналите.

Но, и во однос на давателите на оваа услуга, не сите се создадени подеднакво. Истражувањето покажало дека HBO најмногу го „цеди“ времето, со тоа што преку денот, во просек, потребни се 41 минути за да се најде нешто вредно за гледање. Ајтјунс е на второ место со 33 минути во денот, додека Нетфликс и Хулу се на третото со 28 минути.

Во основа, на корисниците ќе им биде потребна повеќе од една година од нивниот живот за да одлучат дали повторно ќе гледаат некоја серија од почеток, или ќе решат да гледаат нешто ново.