Истражувањата покажуваат дека се намалува озонската дупка

Според новите истражувања, озонската дупка продолжува да се намалува и има потенцијал целосно да се опорави.

Научен труд, објавен во „Нејчр“, проследил редок успех во пресвртот на штетата врз животната средина и покажал дека заедничката глобална акција може да предизвика промени.

Озонската прекривка ја заштитува стратосферата на Земјата и го апсорбира најголемиот дел од ултравиолетовите зраци кои ги произведува Сонцето.

Без озонската прекривка, би било невозможно да се преживее на нашата планета.

Во минатото, употребувањето на хемикалии од страна на човекот, предизвикувало заканувачка штета на озонската прекривка, па во 1987, се вовел интернеционалниот договор „Монтреалски протокол“ кој го забранува користењето на штетните хемикалии.

Антара Банерџи, од Универзитетот во Колорадо, која работи и во Националната океанска и атмосферска администрација, е главниот автор на трудот.

„Пронајдовме знаци на климатски промени во јужната хемисфера, поточно во повторувачките воздушни струи. Предизвикот беше да покажеме дека овие струи се резултат на намалувањето на озонската дупка поради воведувањето на „Монтреалскиот протокол“. Озонските струи во јужната хемисфера постепено се движеа кон јужниот пол во последните 20 години како резултат на озонскиото осиромашување. Нашето истражување покажа дека струите на воздухот престанале во 2000 година и сега се навраќаат во првичната позиција. Оваа пауза во движењето започна во исто време кога озонската дупка започна да се намалува. Емисиите од хемикалии кои се штетни за озонот, престанаа да се употребуваат поради „Монтреалскиот протокол““, истакнала таа за „Индипендент“.

Банерџи додала дека озонот не е единствениот кој влијае врз воздужните струи, туку врз нив влијае и јаглеродот диоксид. Според неа, моментално постои „војна“ помеѓу озонското опоравување, кое ги влече воздушните струи во еден правец и зголемување на емисиите од јаглерод диоксид кои ги завлекува воздушните струи во спротивниот правец.

„Моментално сведочиме „пауза“ во промената на воздушните струи бидејќи овие две сили се балансирани. Ова во иднина може да се промени кога озонот целосно ќе се опорави и јаглерод диоксидот ќе продолжи да ги влече воздушните струи на југ“, изјавила таа.

Резултатите од оваа пауза во менувањето на воздужите струи е променлива, што значи дека различни делови од светот би биле засегнати на различен начин.

„Во Австралија, на пример, пред 2000 година, се сугерираше дека зимите се сушни бидејќи воздушните струи се движеа кон југ и го променуваа правецот на дождот наменет за овој регион. Овие промени сега можат да се стабилизираат, што е добра вест за Австралија. За други реони, како на пример Јужна Америка, осиромашувањето на озонот предивика експанзија на тропските предели и доведе до повеќе врнежи на дожд. Земјоделското производство се зголеми, но сега тоа би се намалило, што би довело до промени во нивната економија и квалитет на храна“, рекла Банерџи.

Генерално гледано, ова е добра вест во време кога се бориме против климатските промени.

„Втората најважна работа во врска со ова истражување е доказот дека озонската дупка се намалува поради „Монтреалскиот протокол“. Ова покажува дека дека меѓународниот договор функционира и дека луѓето можат да ја поправат штетата која и е нанесена на Земјата. Ова е лекција за сите нас, која се надевам дека ќе ја примениме и врз емисиите на стаклени гасови за да се справиме со климатските промени“, концизна била таа.

Извор: Independent